Рони О’Саливен се израмни со Стив Дејвис со шестата титула од УК шампионатот по сензационалната 10:5 победа над Шон Марфи.
Пред финалната сесија, двајцата играчи беа израмнети на 4:4, и Марфи почна одлично со долг удар на црвена топка, меѓутоа кога дојде редот на О’Саливен да застане на снукер-масата, тој брилјираше и го освои фрејмот. Марфи врати во следниот фрејм, но по неколку грешки О’Саливен со „сенчури“ и со брејк од над 70 поведе со 7:5. По последниот мини-интервал, О’Саливен со третиот „сенчури“ доби уште еден поен, за да ги добие и следните два фрејма за импресивна победа.
Six of the best for O’Sullivan.
His third ranking title of the campaign pic.twitter.com/StUQl2Iv8O
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) December 10, 2017
Покрај шестата титула од „Барбикан“ во Јорк, 42-годишниот О’Саливен исто така се израмни и со Стивен Хендри со 18 „тројни круни“, односно трофеи од Светското првенство, УК шампионатот и Мастерсот, а за награда доби 170.000 фунти. Ова е 31. ранкинг титула за „Ракетата“, со што е само на пет од вечниот рекорд на Хендри.
‘I just love playing’
Ladies and gentlemen, @ronnieo147 pic.twitter.com/HMxygIO5xF
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) December 10, 2017
Ова е трета ранкинг титула во седум недели за О’Саливен по победите на Англискиот опен во октомври и Мастерсот во Шангај во ноември.