Top Sport

„Очекувам извинување од Надал“

Италијанскиот новинар Убалдо Сканагата истакнал дека очекува извинување од Рафаел Надал поради „инцидентот“ што се случил на прес-конференција по мечот на шпанскиот тенисер и Алкесандар Зверев.

Надал загуби од Зверев (2/6, 4/6), а Убалдо на прес-конференцијата го прашал дали тоа што неодамна се ожени му ја нарушува концентрацијата.

Надал остро му одговорил дека прашањето е “ср..е“.

„Разчаран сум поради она што се случи. Имам добар однос со Рафа, тој е добро момче, никогаш не сме имале проблеми. Верувам дека стапувањето во брак е важен момент, без оглед на тоа што сте биле со девојката 14 години. Тоа е емотивен настан. Поради тоа не е лудо дали венчавката била дистракција. Можеби е нервозен бидејќи го изгуби мечот, но јас не заслужив да ми одговори така. Не можам да прифатам таков одговор. Се надевам дека ќе се извини“.

Рафаел Надал наредниот меч на Завршниот мастерс во Лондон ќе го одигра в среда, а противник ќе му биде Данил Медведев.

Scroll to Top