Top Sport

Приватно обезбедување ги чува играчите на Наполи од навивачите

Фудбалерите на Наполи ангажирале приватно обезбедување бидејќи биле загрижени за безбедноста на нивните семејства. Фудбалерите ставувале дека невните семејства можат да бидат цел на навивачите, пренесуваат италијанските медиуми.

Играчите биле сплашени откако веќе биле нападнатаи Алан и Пјотр Зјелински. Бразилецот во медиумите е означен како водач на бунтот против претседателот Аурелио Де Лаурентис. Минатата недела во неговиот дом влегле непознати лица, направле неред и заминале. Неговата бремена жена и двете деца биле во домот.

„Доста е! Ова ги премина сите граници, не можам повеќе да го поднесам ова! Секој ден добивам навреди, моите деца плачат, преплашени се“, рекла сопругата на Алан, Таис.

Од друга страна на Зјелиски му го украле автомобилот. Загрижен за безбедноста тој во Полска на подготовките на репрезентацијата заминал заедно со својата девојка.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Калиду Кулибали ангажирал 24-часовно обезбедување за себе и семејството, а сопругата и децата на Лоренцо Инсиње го напуштиле градот.

Scroll to Top