Top Sport

Од еден меч заработил повеќе отколку за шест години кариера

Чилеанскиот тенисер Алехандро Табило во Мелбурн го оствари најголемиот успех во кариерата откако во првото коло го мина Даниел Галан. Чилеанецот мораше да игра квалификации за да се пласира на главниот турнир.

Табило во моментов се наоѓа на 208 место на АТП листата, а во својот прв меч на грен-слем турнирите за победата е награден со 88.000 долари.

Ова го забележал новинарот Енрико Марија Рива кој објави дека 22 годишниот Табило шест години е професионален тенисер и успеал да заработи 68.000 долари, помалку од она што успеа да го заработи со само една победа во Мелбурн.

Во второто коло Чилеанецот ќе игра против Џон Изнер.

Scroll to Top