Top Sport

Ѓоковиќ експресно против Ито, Чилиќ низ пет сета до третата рунда

Марин Чилиќ во пет сета обезбеди пласман во третото коло на Австралија опен. За разлика од Хрватот, Новак Ѓоковиќ, експресно го мина второто коло на турнирот, додека Стефанос Циципас без борба се пласира во третата рунда.

Чилиќ во спектакуларен и драматичен меч, по три и пол часа борба, успеа да го совлада Беноа Пер со 6/2, 6/7, 3/6, 6/1, 7/6.

Во третата рунда Чилиќ ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Мајкл Мо (САД) и Роберто Баутиста-Агут (Шпанија).

Минатогодишниот полу-финалист Стефанос Циципас без борба се пласира во третото коло. Германскиот ветеран Филип Колшрајбер му го предаде мечот на Гркот. Противник на Циципас во третот коло ќе му биде Чилеанецот Кристијан Гарино или Канаѓанецот Милош Раониќ.

Бранителот на титулата, седумкратниот победник во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ за нешто повеќе од 90 минути го мина во второто коло Јапонецот Тацума Ито.

Српскиот тенисер победи во три сета со 6/1, 6/4, 6/2.

Во наредната рунда Ѓоковиќ ќе игра со уште еден Јапонец, Јошихито Ношиока кој успеа да слави во дуелот со Британецот Дан Еванс.

Scroll to Top