Поранешниот најдобар дубл играч во светот, Пол Мекнеми на Твитер напиша дека се уште не може да го нарече Новак Ѓоковиќ најдобар играч на сите времиња (Г.О.А.Т).
Со освојувањето на Ролан Гарос, српскиот ас го освои својот 23. Грен слем, а во овој параметар го престигна Рафаел Надал кој остана на 22. трофеи од Грен слем турнирите.
Шпанецот има големи проблеми со повредите и прашање е кога и во каква состојба ќе се врати на терените.
Пензионирањето, во кое Роџер Федерер е веќе извесно време, се поизвесна е и за Надал.
Сепак, додека официјално не замине, Мекнеми, од почит кон Рафа, ќе избегнува да го нарекува Ѓоковиќ Г.О.А.Т.
„Новак сè уште не можам да го наречам Г.О.А.Т, од едноставна причина што Рафа, за разлика од Роџер, не е во пензија. Иако е малку веројатно, сепак е можно да го достигне најважниот показател… повеќе од 24 слемови. Затоа, од почит, сè уште нема да го наречам Новак, Г.О.А.Т“, напиша Мекнеми.
Ѓоковиќ ќе го нападне својот 24. Грен слем на Вимблдон, кој започнува на 3 јули.