Во Градската куќа „Палацо векио“ во Фиренца беа извлечени групите за 19.Светско првенство во одбојка, чии домаќини ќе бидат Бугарија и Италија.
Одбојкарскиот Мундијал ќе се игра од 10. до 30.септември во три бугарски (Софија, Варна, Русе) и шест италијански (Болоња, Бари, Фиренца, Милано, Торино, Рим) градови.
Група А (Фиренца/Италија):
Италија, Аргентина, Јапонија, Белгија, Словенија, Доминиканска република
Група Б (Русе/Бугарија):
Бразил, Канада, Франција, Египет, Кина, Холандија
Група Ц (Бари/Италија):
Србија, САД, Русија, Австралија, Тунис, Камерун
Група Д (Варна/Бугарија):
Бугарија, Полска, Иран, Куба, Финска, Порторико