Македонската одбојкарска репрезентација го потврди првото место во групата А од Европската сребрена лига, откако со 3:1 (25:22, 25:18, 18:25, 25:22) го совладаа Кипар, што значи дека се сигурно над Данска пред полуфиналните двојки на завршниот турнир во Струмица.
На завршниот тунрир во салата „Парк“ во Струмица, македонскиот национален тим ќе влезе со ефект 5-1 од групната фаза и во наредните пет дена ќе се подготвува најпрво за полуфиналето со Хрватска, а потоа се надеваме и за финалето против поуспешниот од средбата меѓу Унгарија и Данска.