Одбојкарската репрезентација на Македонија, доживеа уште еден пораз на Европското првенство. Во третото коло, Македонија загуби со 0:3 од главниот фаворит за титулата, Полска.
Полјаците лесно се справија со Македонија, која беше дополнително ослабена со отсуството на капитенот Никола Ѓорѓиев.
Во првиот сет избраниците на селекторот Миленковски пружија најголем отпор, освоија 19 поени. Во вториот и третиот Македонија дојде до 16, односно 13 поени.
Следните два натпревари се клучни за Македонија во обидот да дојде до осминафиналето. Во вторник е дуелот со Португалија, а ден подоцна со Израел.
Foto/ facebook.com/volleyballmkd
