Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва е поразена во претпоследното квалификациско коло за пласман на Европското првенство.
Украина, лидерот, во групата, победи со 3:1 (25:19, 28:26, 23:25, 25:23) и ја турна Македонија во тешка позиција, во обид да стигне до завршницата на континеталниот шампионат.
За таквото сценарио се погрижија Швајцарците кои надвор од сите прогнози победија во Унгарија со 3:2, иако имаа негатива од два сета.
Пласман на Европското првенство преку квалификациите ќе изборат победниците на седумте групи и пет второпласирани селекции.
Во последното коло Македонија треба да ја победи Унгарија и да го чека расплетот во другите групи, кога се работи за репрезентациите кои се борат за вторите места.