Македонската одбојкарска репрезентација денес ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство. Во рамките на второто коло, во Ц-групата, Турција ќе им се спротивстави на македонските одбојкари.
Дуелот со Турција е можност избраниците на Владимир Матијашевиќ да ја забележат првата победа на шампионатот.
Вчера, неискуството од настапот на едно вакво натпреварување и сопствените грешки ја одведоа Македонија во пораз (1-3) против Финска. Од друа страна Турците очекувано загубија од еден од фаворитите за златниот медал, Русите, иако неочекувано успеаја да освојат еден сет.
Натпреварот во Љубљана ќе започне во 17.30 часот.
фото/facebook.com/volleyballmkd