Одбојкарската репрезентација на Македонија со пораз ги започна натпреварите во европската Злартна лига. Во првото коло, во Б-групата Македонија со максимален резултат загуби од Украина.
Украина како домаќин во Лоѓ, Полска, мечот го доби со 25:21, 25:22, 25:11. Резултатот на најдобра начин ја покажува доминацијата на Украинците. Во првиот сет лесно ја одржуваа предноста од три до четири поени, вториот беше најнеизвесен, Украина го реши во финишот, а во третиот сет македонските одбојкари како да исчезнаа од теренот.
Капитенот Никола и Александар Љафтов беа најдобри во нашиот тим со по 12 поени, Украина ја предводеше Ковалов со 14 поени.
Во вториот меч од групата Белгија со 3:1 (25:17, 25:21, 23:25, 25:23) ја победи Хрватска.
Во наредните две кола Македонија ќе биде домаќин, против Белгија во среда и прптив Хрватска наредната сабота.
Фото/vfmkd.mk