Top Sport

Одбојкарите вечерва против Холандија, со победа можат и до второто место во групата

Одбојкарската репрезентација на Македонија, вечерва, ќе го одигра натпреварот од претпоследното коло во Ц-групата на Европското првенство.

Македонија во првите две кола ги победи Данска и Црна Гора, а во неделата беше поразена од фаворитот Полска.

Избраниците на Јошко Миленковски, вчера и официјално го заверија пласманот во елиминациската фаза, значи го оезбедија четвртото место во групата.

Ослободени од притисокот, македонските одбојкари ќе можат да уживаат во натпреварот против силната селекција на Холандија.

Натпреварот во арената „Борис Трајковски“ ќе започне во 17 часот.

Фото/Игор Паневски

Scroll to Top