Женската одбојкарска репрезентација на Италија е освојувач на трофејот во Лигата на нации, откако во финалето од завршниот турнир во Анкара славеа против селекцијата на Бразил.
Тие беа за нијанса подобри во финалната пресметка од Бразилките, а славеа во три сета.
Италија првиот сет го доби со 25:23, а тесно беше и во следните два сета кои ги освоија со 25:22.