Top Sport

Одбојкарките на Работнички ја одбранија двојната круна

Одбојкарките на Работнички ја одбранија двојната круна откако стигнаа до третата победа во финалната серија од плеј-офот против Јанта Волеј. Тие славеа на гостински терен со 2:3 во сетови (20:25, 17:25, 25:19, 25:19, 5:15). Претходно, одбојкарките на Работнички го освоија и куп-трофејот оваа сезона.

Работнички ги освои првите два сета и тоа релативно лесно, а потоа возврати Јанта Волеј со добра игра во третиот и четвртиот сет, кои ги доби со идентичен резултат, 25:19.

Натпреварот влезе во „тај-брејк“, а во него Работнички се наметна од стартот, поведе со 4:0 и на крајот оствари конечен триумф. Стојанова со 21 поен беше најдобра во тимот на Работнички кој стигна до 16. титула на домашната сцена.

Scroll to Top