Top Sport

Одбојкарскиот Мундијал нема да се игра во Русија

Светската одбојкарска федерација (ФИВБ), на Русија и ја одзеде организацијата на Светското првенство во одбојка. Мундијалот ќе се одржи ова лето. ФИВБ во наредниот период ќе објави дали Мундијалот ќе биде организиран во една или повеќе земји.

Управниот одбор на ФИВБ, донел одлука, дека поради случувањата во Украина невозможно е да подготви и организира Светското првенство во Русија.

За одлуката ФИВБ ги известиле земјите кои изборија пласман на Светското првенство. Од Светската одбојкарска федерација не објавија дали на Русија ќе и биде дозволено да учествува на првенството.

Русија се наоѓа во група со Порторико, Тунис и Србија.

Одбојкарскиот Мундијал треба да се одржи од 26.август до 11.септември.

Scroll to Top