Top Sport

(ВИДЕО) ПСЖ со пораз дома се збогува од Меси, Рамос, Галтие…

Пари Сен Жермен е шампион на Франција, но пораз дома (2:3) од Клермон се прости од своите ѕвезди Лионел Меси и Серхио Рамос кои го напуштаат клубот. Ова веројатно беше последен меч и за Кристоф Галтие на клупата на „светците“.

Серхио Рамос се збогува со гол и го отвори резултатот во 16.минута, а пет минути подоцна Килијан Мбапе погоди од пенал и голот му го посвети на Серхио Рико, кој се бори за живот откако имаше несреќа и падна јавајќи со коњ.

Сепак, Клермон израмни до полувремето. Гастиен намали во 24.минута, а откако Кеи не реализира пенал, израмнувањето го донесе Зефане.

Токму Греџон Кеи беше стрелец на победничкиот гол за Клермон во 63.минута.

Ленс го победи Оксер на гости со 1:3 и во конечниот поредок има само бод помалку од ПСЖ на втората позиција на табелата. За Оксер овој пораз значеше и испаѓање од елитата, откако Нант славеше дома против Анже со 1:0.

Монако загуби дома од Тулуз со 1:2.

Scroll to Top