Top Sport

Одермарт го освои Светскиот куп

Швајцарецот Марк Одермарт го освои големиот Кристален глобус, наменет за вкупниот победник во Светскиот куп.

Одермарт вкупната победа ја обезбеди со денешното второ место, на трката во спуст, која се одржа во Кушевел. Швајцарецот имаше за 34 стотинки послаб резултат од победникот Винснет Кирхмајр (1:50.43 минути).

Трет низ целта мина Беат Фојц од Швајцарија. Александер Омот Килде го освои четвртото место и малиот Кристален глобус во спуст.

Килде за 13 поени ја доби трката со Фојц. Трет го генералниот пласман во спуст заврши Доминик Парис.

Одермарт, на три трки до крајот на сезоната, стекна недостижна предност од 359 поени во однос на Килде.

Scroll to Top