Марко Одемарт, ја оправда фаворитската улога и го освои златниот медал во велеслалом, на Зимските олимписки игри во Пекинг. Сепак херој на денот е Словенецот, Жан Крањец, кој беше осми по правта трака, а на крајот се закити со сребрениот медал.
Најдобриот во светот, во оваа дисциплина, во тековната сезона во Светскиот куп, Марко Одемарт, победи со вкупно време 2:09.35 минути.
Словенецот Крањец, ја декласира конкуренцијата во втората трка. Забележа далеку најдобар резултат 1:05,83 минути и со вкупен резултат 2:09,54 минути од осмото дојде до второто место.
Бронзата на крајот му припадна на Матје Фавр од Франција. Фавр зад Одемарт задоцни за 1,34 секунди.