Најпрестижната велосипедска трка во светот „Тур д’Франс“ е одложена поради коронавирусот. Организаторите објавија дека трката нема да започне на 27 јуни.
Француската влада ги откажа сите спортски и други настани до средината на јули, а меѓу нив е и Трката околу Франција која според календарот требаше да се вози од 27 јуни до 19 јули.
Франција има пријавено 136.770 заразени од коронавирусот, 28.000 од нив се излечиле, а 15.000 починале.