Top Sport

Одобрен „пакет“ од пет нови спортови за ОИ

На состанокот на Извршниот одбор на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) во петокот, беа одобрени сите пет спортови предложени од организаторите на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

На почетокот на оваа недела, организаторите ја намалија листата на пет спортови – крикет, флег фудбал, лакрос, сквош и бејзбол/софтбол.

Според правилата што ги воведе ИОК пред неколку години, секој град домаќин има право да вклучи неколку спортови во програмата.

„Овие пет предлози беа прифатени како пакет на состанокот на Извршниот одбор на ИОК. Го зедовме предвид фактот дека овие спортови на најдобар начин ја отсликуваат спортската традиција на нашите домаќини и дека ќе го претстават големиот американски спорт на меѓународно ниво“, изјави првиот човек на ИОК, Томас Бах.

ИОК сега мора да ја одобри препораката на Извршниот одбор на состанокот што започнува во недела.

Крикетот на тој начин ќе биде вратен на олимписката програма за прв пат од 1900 година, а во програмата на Игрите за првпат ќе бидат вклучени другите спортови од списокот.

Scroll to Top