УФЦ 249 сега и официјално има нов главен меч, откако претседателот на УФЦ, Дејна Вајт потврди дека Џастин Гетџи ќе биде противникот на Тони Фергусон во мечот од лесна категорија, откако шампионот Хабиб Нурмагомедов заглави во карантин во Русија.
„Мечот е потврден и ќе биде 100 отсто во живо на ’ЕСПН’ некаде на планетата Земја“, напиша Вајт, потврдувајќи дека двајцата фајтери ќе се борат за преодната титула во лесна категорија на 18 април.
Тој повторно не даде локација за дуелот, но се очекува шоуто да се оддржи некаде на Западниот брег на САД, а потенцијално и на териториите на Индијанците, каде што федералната и државната власт е во локални раце.
Фергусон има низа од 12 победи во последните седум години, но во Гетџи ќе има одличен противник, откако то јсе врати со три победи во низа, триумфирајќи над Доналд Серон во септември.
The fight is signed and is 100% ON LIVE on ESPN somewhere on EARTH!!!! ?@TonyFergusonXT vs @Justin_Gaethje is LIVE on @espn+ PPV April 18th for the interim lightweight belt! pic.twitter.com/aH44zg5K30
— danawhite (@danawhite) April 6, 2020