Новак Ѓоковиќ ќе може да учествува на Австралија опен во јануари следната година, потврди министерот за имиграција Ендрју Жилес. Тој донесе одлука да му ја укине тригодишната забрана за влез во земјата на српскиот тенисер, откако на почетокот на 2022 година беше депортиран поради статусот на вакцинација против Ковид 19.
Министерот Жилес рече дека го одобрил барањето на Ѓоковиќ за укинување на одлуката бидејќи веќе нема основа за укинување на визата.
„На г-дин Ѓоковиќ му е одобрена привремена виза за влез во Австралија“, се вели во соопштението на Жилес.
Веста дека на Новак Ѓоковиќ, ќе му биде дозволено да игра на првиот Грен слем во сезоната, се појави во вторникот, а еден ден подоцна британскиот јавен сервис Би-би-си по повод објавената информација доби потврда од Одделот за имиграција.
Ѓоковиќ девет пати славеше во Мелбурн, во кариерата освоил 21 грен слем титула, една помалку од рекордерот на Рафаел Надал.
Австралија опен ќе се одржи од 16. до 29. јануари следната година.