Top Sport

Огромен притисок врз ИОК поради Русите и Белорусите

Британската влада испрати писмо до олимписките спонзори во кое ги повикува да извршат притисок врз Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) поради предлогот да им се дозволи на спортистите од Русија и Белорусија да се натпреваруваат на Игрите во Париз следната година, објавија денеска британските медиуми.

МОК се соочува со зголемен притисок откако во јануари одреди на кој начин натпреварувачите од Русија и Белорусија ќе можат да се квалификуваат за Олимписките игри во Париз. Тоа тие ќе можат да го сторат преку азиските квалификации, но без употреба на државните знамиња, објави Ројтерс.

Британскиот секретар за култура Луси Фрејзер испрати писмо со британско барање до главните извршни директори на 13. најголеми олимписки спонзори во Велика Британија, вклучително и Кока-Кола, Самсунг и Виза, во кое се наведени грижите на владата.

„Знаеме дека спортот и политиката во Русија и Белорусија се во голема мера испреплетени и решени сме дека не смее да им се дозволи на режимите во Москва и Минск да го користат спортот за свои пропагандни цели. Затоа не се согласуваме на руски и белоруски спортисти да им биде дозволено да учествуваат на ОИ“, напиша меѓу другото Фрејзер.

Украина се закани дека ќе ги бојкотира Олимписките игри во Париз доколку се натпреваруваат руски и белоруски спортисти.

Scroll to Top