Top Sport

Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи, вети Агенцијата за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт најави дека во корелација со владата ќе се обиде да го исправи проблемот и да го организира годинешното јубилејно 60. издание на Охридскиот пливачки маратон.

Институциите се разбудија во „пет до дванаесет“, откако јавноста беше шокирана дека Охридскиот пливачки маратон нема да се одржи поради блокирана сметка на Националната пливачка федерација.

„Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со македонската Влада и сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот. И годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан“– се вели во соопштението од Агенцијата за млади и спорт.

Во текот на утрешниот ден директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе одржи прес конференција во Охрид на оваа тема.

Претходно и Општина Охрид најави дека ќе ја преземе орагнизацијата на Охридскиот пливачки маратон.

Scroll to Top