Top Sport

Олимпијадата заврши, Американците за едно злато подобри од Кинезите

Олимписките игри во Токио повторно покажаа дека спортските велесили постојано работат на подобрувањето на својот успех, а дека Американците, засега, остануваат недопирливи.

САД ја завршува Олимпијадата со 113 освоени медали, од кои 39 златни, за да бидат први на табелата на освоени медали пред лутите ривали Кина со 88 медали, од кои 38 златни. Утеха за Кинезите е тоа што освоија само едно злато помалку од Американците.

Јапонија, како домаќин, имаше фантастична Олимпијада со 27 златни медали (вкупо 58), а и Британците можат да се задоволни со 65 вкупни медали, од кои 22 злата. Мало изненадување се Русите, овојпат под името Руски олимписки комитет (РОЦ), кои можат да се пофалат со 70 медали, од кои 20 златни.

КОНЕЧНА ТАБЕЛА НА МЕДАЛИ

1.САД 39-41-33 113

2.Кина 38-32-18 88

3.Јапонија 27-14-17 58

4.Велика Британија 22-21-22 65

5.Русија 20-27-23 70

6.Австралија 17-7-22 46

7.Холандија 10-12-14 36

8.Германија 10-11-16 37

9.Италија 10-10-20 40

10.Франција 9-12-11 32

Scroll to Top