Ватерполистите на Олимпијакос ја освоија титулата во Лигата на шампионите. На завршниот турнир во Џенова, Олимпијакос го совлада домаќинот Про Реко 9:7 (2:1, 2:3, 3:2, 2:1).
Олимпијакос, во своето четврто финале, успеа да ја освои втората титула, прва по пауза од 16 години.
Херој на грчкиот тим беше голманот Јосип Павиќ. Хрватскиот репрезентативец во финалето имаше 15 интервенции. Најефикасни играчи на мечот беа Фонтулис со четири и Ди Фулвио со два гола.
Третото место на завршниот турнир им припадна на ватерполистите на Барселонета по победата 14:8 во дуелот со Југ од Дубровник.