Top Sport

Олимписка шампионка удрена од автомобил

Двократната британска олимписка шампионка Кејти Арчибалд била удрена од автомобил за време на тренинг и во таа прилика ги повредила скочните зглобови.

„Завршив на хаубата, оштетени ми се скочните зглобови. Не можам да кажам дека ја сакам 2022 година“, напиша Арчибалд на „Инстаграм“.

Таа ја скрши клучната коска на Светското првенство во Глазгов минатиот месец и доживеа потрес на мозокот.

Арчибалд освои три олимписки медали во кариерата, од кои два златни. Во Рио 2016 година еднаш се искачи на највисокото скалило на подиумот, додека во Токио беше златна и сребрена.

Scroll to Top