Олимписката шампионка во скок во височина, Рут Беитија објави дека се повлекува од атлетиката поради постојаните повреди. Беитија е единствената шпанска атлетичарка со освоено олимписко злато, откако лани триумфираше на ОИ во Рио де Жанеиро.
„Поминав многу години поставувајќи го моето тело до лимит кој веќе не можам да го поминам. Тоа е знак дека мојата спортска кариера завршува“, изјави Беитија во нејзиниот роден град, Сантандер.
Ruth Beitia has announced her retirement.
Throwback to @Ruthypeich winning her third European high jump title in Amsterdam last summer. pic.twitter.com/C3E7rhrFqI
— European Athletics (@EuroAthletics) October 18, 2017
Покрај атлетиката таа имаше и паралелна кариера како политичарка, откако беше избрана во регионалниот парламент на областа Кантабрија во 2011 година.
38-годишната Беитија беше последна на Светското првенство оваа година, не успевајќи да се врати во форма по големиот број на повреди. Сепак, таа ја доби наградата за фер-плеј од Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ), откако ја тешеше својата италијанска ривалка Алесија Трост, кога таа не ги мина квалификациите.