Имам Калифa има машки хрмозоми во своето тело и сега се на потег Светската боксерска федерација и Интернационалниот олимписки комитет.
Кога на алжирската боксерка Иман Калифa ѝ беше дозволено да учествува на Олимписките игри во Париз минатата година, реакциите на спортската јавност беа крајно негативни, бидејќи се знаеше дека таа има машки „Y“ хромозоми во своето тело.
Сепак, Калифa боксуваше во Париз, а епилогот е познат, доминираше во својата категорија и си замина од главниот град на Франција со златен медал околу вратот.
Нејзните сопернички сведочеа за нејзините силни удари, со зборовите дека „удира како машко“.
Денес доаѓаат очекуваните, а сепак шокантни информации во врска со Калифa. Имено, до медиумите дојде медицински извештај кој јасно потврдува дека олимписката шампионка некогаш била маж.
Калифa го направи тестот за сексуалност пред Светското првенство во 2023 година, а резултатите излегоа два дена пред Алжирката да го провери својот пол пред да одлучи дали да продолжи да се натпреварува во женска конкуренција.
На Олимпискиот комитет не му беше гајле за ова, тие ѝ дозволија на Калифa да се натпреварува со жени и да освои злато во Париз.
Останува да се види епилогот од случајот со Калифa, која би можела да биде исклучена од спортот.