Top Sport

Олимписки медалист загина во сообраќајна несреќа во Тексас

Атлетичарот од Тринидат и Тобаго, Дион Лендор (29), загина во тешка сообраќајна несреќа во Тексас, САД.

Полицијата соопшти дека, Лендор, со своето возило „Фолксваген Џета“, удрил во возило кое се движело во спротивна насока. Екипата на итната медицинската помош, на местото на несреќата ја констатирала смртта на атлетичарот, додека 65-годишната жена од другото возило, со тешки повреди била префрлена во најблиската болница.

Лендор учествувал на три Олимпијади (2012, 2016, 2021). Во Лондон, во 2012 година, со штафетата на Тринидад и Тобаго на 4×400 метри го освои бронзениот медал. Има штафетна бронза и од Светското првенство во Пекинг во 2015 година. Лендор освоил бронза на 400 метри и на Светските првенства во сала во 2016 и 2018 година.

Смртта на Лендор ја потврди и амбасадата на САД во Тринидад и Тобаго.

Scroll to Top