Top Sport

Олимписките рекордери останаа без злато во тимската потера

Репрезентацијата на Норвешка ја одбрани олимписката титула во тимската потера, во брзо лизгање. Ова е прв пат во историјата на зимските олимијади една репрезентација да ја одбрани титулата.

Норвешка до победата дојде со време од 3:38.08 минути. Норвежаните, Халгер Енгебортен, Педер Конгшуанг и Свере Лунде Педерсен за 2,38 секунди беа побрзи од Русија.

Данил Алдошкин, Сергеј Трифомов и Руслан Захаров, во полу-финалето поставија нов олимписки рекорд (3:38.62), но во финалето не беа на нивото од претходната трка.

Тимската бронза во петра ја освои селекцијата на САД.

Scroll to Top