Рускиот борец Ислам Махачев го победи Бразилецот Чарлс Оливеира на главниот настан на УФЦ 280.
Пред 18.000 навивачи во „Етихад арената“ во Абу Даби, Махачев го освои шампионскиот појас во лесна категорија. Оваа титула до пензионирањето ја држеше неговиот пријател и тренер Хабиб Нурмагомедов, кому по натпреварот му го подари појасот.
Махачев ја контролираше борбата од самиот почеток, а во втората рунда упати неколку удари со кои ја реши борбата.
Планот е Махачев да ја има првата одбрана на појасот во борба против Александар Волкановски, шампионот во перо категорија. Тој натпревар треба да се организира во Австралија.
ISLAM MAKHACHEV IS THE UNDISPUTED LW CHAMPION OF THE WORLD! 🏆
[ @MakhachevMMA | #UFC280 ] pic.twitter.com/aJzHlS6fxF
— UFC (@ufc) October 22, 2022