Рели Опелка го доби американското финале на турнирот во Хјустон. Опелка во два сета го победи Џон Изнер. Опелка, 18. на АТП листата, ја освои четвртата титула во кариерата, втора во 2022 година. Сите титули Опелка ги освоил на турнирите кои се играат во САД.
Опелка го победи Изнер со 6/3, 7/6. Интересно ова беше „највисокото“ финале во историјата на тенисот. Опелка е висок два метри и 11 сантиметри, Изнер е три сантиметри понизок од својот ривал.