Оригиналниот документ со програмата на Олимписките игри одржани во 1892 година, подготвен и уреден од „таткото на модерните ОИ“, Пјер де Кубертен, на аукција во Њујорк, бил продаден за 8,8 милиони долари. Ова е рекордна сума платена за предмет поврзан со спортот. Олимпискиот манифест бил продаден за девет пати поголема сума од почетната.
Документот е на напишан на француски јазик на 14 страници. Во него Де Кубертен ја напишал својата визија како треба да изгледаат модерните Олимписки игри.
Ове е единствениот познат примерок на документот кој бил темел на неговиот говор во Париз на 25 ноември 1892 година, одржан по повод обележувањето на пет годишнината на Здружението на спортските друштва во Франција.
Две години по овој говор Де Кубертен го основал Меѓународниот олимписки комитет. Првите модерни Олимписки игри се одржано во Атина во 1896 година.
Документот исчезнал по смртта на Де Кубертен во 1937 година.
На почетокот на 90 години од минатиот век документот бил пронајден во збирката на еден швајцарски колекционер.