Top Sport

Ортлиб првпат до победа во Светски куп, Италија е талична за неа

Австриската скијачка, 23-годишната Нина Ортлиб е сензационална победничка на супервелеслаломот за Светскиот куп во италијански Ла Туј. Таа за само една стотинка беше побрза од Италијанката Федерика Брињоне, водечката во поредокот во Светскиот куп.

Ортлиб пред 7 дена првпат во кариерата се искачи на подиумот. Таа беше трета на спустот во Кранс Монтана. Денешната е нејзина прва победа во кариерата во Светскиот куп.

Како трета на денешната трка заврши Швајцарката Корин Шутер кој доцнеше 7 стотинки.

Водечката во вкупниот поредок, Брињонњ ја зголеми предноста во однос на Американката Микаела Шифрин која веќе цел месец не е меѓу скијачките поради загубата на татко и.

Брињоне сега има 1.378 бода, Шифрин е со 1.225, а трета е Петра Влахова со 1.189.

Scroll to Top