Top Sport

Куртоа: Меси го гледаме како да е играч на Селта или Леванте!

Додека фудбалскиот свет се подготвува за новото „Ел Класико“ меѓу Реал и Барселона (мечот се игра утре од 21 часот на „Бернабеу“), со изјава се јави првиот голман на Кралевите, Белгиецот Тубо Куртоа.

„Меси? За мене тој е играч како и било кој друг. Неговите игри ги проучуваме како да е играч на Селта или Леванте. Нема некоја разлика во нашиот пристап“ – испрати провокација Куртоа.

Сепак, се чини дека не е паметен потег да се провоцира фудбалер од рангот на Аргентинецот.

Сезонава Меси постигна 18 гола на 20 меча во Ла Лига, од кои дури 4 минатото коло против Еибар.

Историјата меѓу двајцата фудбалери е уште од времето кога Белгиецот беше на голот на Атлетико Мадрид, а среќаваа и додека беше на голот на Челси.

До сега еден против друг биле 15 пати. Меси на тие мечеви постигнал 9 гола.

Scroll to Top