Top Sport

Осака и Леброн се спортисти на годината според „АП“

Јапонската тенисерка Наоми Осака и НБА ѕвездата Леброн Џејмс се прогласени за најдобри спортисти во 2020 во избор на американската новинска агенција „Асошиејтед прес“, во одлука која колку што има врска со спортот, толку и со политичката активност во бурната година за расни права.

Наоми Осака ја освои титулата од САД опен, за своја трета гренд слем титула, иако претходно се закани дека ќе се повлече од турнирот ако не и биде дозволено да протестира за расната неправда и полициската бруталност во САД. Осака, чиј татко е од Хаити, а мајка е Јапонка, поголемиот дел од животот го поминува токму во САД.

Таа собра 18 од 35 гласа за прво место за да ги победи МВП на ВНБА лигата, Бреана Стјуарт и младата фудбалерка Сара Фулер.

Леброн Џејмс, пак, по четврти пат ја освојува наградата на „АП“, откако минатата сезона ги предводеше Лос Анџелес лејкерс до титула, освојувајќи го најголемиот трофеј со четврт различен клуб во кариерата.

Тој ги победи актуелниот МВП на Супер болот, Патрик Маомес и Формула 1 шампионот, Луис Хамилтон.

Scroll to Top