Првата светска тенисерка во моментов, Јапонката Наоми Осака имаше причина за разочарување во четвртфиналниот меч на Мастерсот во Синсинати. Осака поради повреда мораше да и го предаде мечот на Софија Кенин при резултат 1-1 во сетови и предност за противничката од 2-0 во одлучувачкиот сет.
Мастерсот во САД заврши и за домашната тенисерка, ветеранката Венус Вилијамс загуби од сонародничката Медисон Киз со 6-2, 6-3.
Австралијката Ешли Барти, втора моментно на ВТА листата ја надигра Марија Сакари од Грција со 2-1, по сетови 5-7, 6-2, 6-0.
Русинката Светлана Кузњецова беше поуспешна од Каролина Плишкова во борбата за полуфина и триумфираше пресврт, со 2-1, (3-6, 7-6, 6-3).
Полуфиналните дуели во Синсинати на програмата се доцна вечерва, а во борбата за финалето ќе се натпреваруваат Барти-Кузњецова и Кенин-Киз.