Top Sport

Осака може да не оди на Вимблдон: Без рејтинг-поени, тоа е егзибициски турнир

Четирикратната гренд слем шампионка, Јапонката Наоми Осака призна дека размислува да го пропушти Вимблдон, откако АТП и ВТА решија да не доделуваат рејтинг-поени за гренд слемот по нивната одлука да не дозволат настап на руските и белоруските тенисери на турнирот.

Поранешната светска тенисерка број 1, признава дека би било тешко да се даде максимумот бидејќи Вимблдон на тој начин претставува „егзибициски турнир“.

„Секако, одлуката да ги тргнат рејтинг поените влијае на мојата одлука пред сезоната на трева. Не сум 100 отсто сигурна дека е одам таму. Сакам да добијам искуство на игра на атрева, но од друга страна, нема поента, а јас сум тенисерка која се мотивира со кревање на рејтинг поените. Вимблдон без поени е егзибициски турнир. Знам дека ова не е вистина, но имам такво чувство. Уште не сум одлучила, но сегашната ситуација значи дека најверојатно нема да играм“, вели 24-годишната Осака.

Scroll to Top