Top Sport

Осака нема да игра на Вимблдон, сака да помине време со семејството

Јапонската тениска ѕвезда, Наоми Осака потврди дека се повлекува од Вимблдон, неколку недели откако се повлече од Ролан Гарос поради нејзиниот контроверзен став да не оди на прес-конференции, по што призна дека страда од анксиозност и депресија.

„Наоми нема да игра на Вимблдон оваа година. Таа ќе помине време со семејството и пријателите. Ќе се подготвува за Олимпијадата пред домашните фанови“, изјави нејзиниот агент, Стјуарт Дугуид.

23-годишната четирикратна гренд слем шампионка доби казна од 15.000 долари и закана со дисквалификација откако одби да зборува со медиумите, покренувајќи дебата околу обврските кои ги имаат професионалните спортисти, но и нивното ментално здравје.

Scroll to Top