Јапонската тенисерка Наоми Осака се повлече од Синсинати мастерсот кој се игра во Њујорк. Титулата на овој турнир и припадна на Викторија Азаренка од Белорусија.
Осака пред неколку дена се повлече од турнирот но политички причини. Тоа беше нејзин протест поради полициската бруталност во САД.
Од финалето таа се повлече поради повреда.
„Жалам но морам да се повлечеам поради повреда. Ова беше емотивна недела, сакам на сите да им се заблагодарам за поддршката“, рекла Осака.
Поради повредата под знак прашалник е и нејзиниот настап на ју-Ес опен кој ќе започне в понеделник.
Азаренка без борба стигна до 21 титула во кариерата.