Top Sport

Остри реакции на „Лауреус“ – Двајца беа подобри од Алкараз во 2025 година

Светот на спортот, неговите фанови, бурно реагираа на синоќешната додела на наградите „Лауреус“. Домашниот миленик, Карлос Алкараз, во Мадрид, го доби спортскиот Оскар.

Карлос Алкараз имаше одлична сезона, но не многу подобра од Јаник Синер. Неговата година не беше особено импресивна во споредба со резултатите на неговите претходници од „големата тројка“.

Сепак, жирито му го додели „Лауреус“, најпрестижната индивидуална награда во светот на спортот.

Шпанецот така се приклучи тројцата тениски великани: Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, при што првите двајца го освоија спортскиот Оскар пет пати, постариот сонародник на Алкараз двапати.

Само Јусеин Болт (4), Тајгер Вудс (2), Михаел Шумахер (2) и Лионел Меси (2) имаат повеќе од еден „Лауреус“, а наградата се доделува од 2000 година.

Интересно, во морето на извонредни спортисти, 13 од 26-те награди однесоа тенисерите. Честопати беше заслужено, но се чини дека оваа сезона можеше или мораше да биде поинаква.

Спортските фанови на социјалните мрежи, форумите и другите платформи во голем број се согласија дека барем двајца спортисти имале поимпресивни сезони од Алкараз.

Некои се за Мондо Дуплантис, некои за Тадеј Погачар, но генерално се согласуваат за едно нешто – ниту еден тенисер, дури ни Алкараз, не се доближи до подвизите што ги постигнаа Швеѓанецот на патеката и Словенецот на велосипедската патека.

„Да изгубеше се мисли на Погачар) од Дуплантис, би разбрал, но никој друг не може да му се приближи на оваа листа“, напиша еден од љубителите на возењето на две тркала, фаворизирајќи го „Поги“.

Во периодот помеѓу двата „Лауреуса“, Словенецот постигна 20 победи, етапни и вкупно, доминантно го освои Тур д’Франс, стана европски и светски шампион во друмски трки и освои три од петте „класици“ во календарот: Трката околу Фландрија, Лиеж-Бастон-Лиеж и Трката околу Ломбардија, додека 2026 година ја отвори со одбрана на круната во Фландрија.

Во светото на влосипедизмот веќе го прогласија за најдобар на сите времиња, и покрај тоа што има само 27 години. Таква доминација сè уште не е видена, но не е доволна за „Лауреус“.

А што може да се каже за „летечкиот Швеѓанец, Арман Дуплантис?

Без оглед на фактот дека наградата му припадна минатата година, олимпискиот шампион од Париз продолжи таму каде што застана.

Тој стана светски шампион во Токио, нормално со нов светски рекорд, кој сега изнесува нереални 6,30. Тоа беше неговиот четврти светски рекорд во една календарска година!

Почна со 6,27 и стигна до 6,30. Во меѓувреме, ја освои Дијамантската лига и постигна подвиг што атлетиката не го памети – излезе на пистата 16 пати во една година и ја победи конкуренцијата 16 пати.

Без да омаловажат успесите на Карлос Алкараз (освои две Грен слем титули), но барем двајца од нив беа подобри од него во 2025 година.

Инаку во машка конкуренција номинирани за наградата беа и Јаник Синер, Усман Дембеле и Марк Маркез.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');