Јужноафриканските медиуми откриват дека Оскар Писториус, поранешната параолимписка ѕвезда, кој отслужува 13 години и 5 месеци затвор за убиство на неговата свршеница Рива Стенкамп, во затворот е водач на групата за истражување на Библијата.
Писториус, со прекар „Блејд ранер“, во на 14 февруари 2013 година ја застрела Стенкамп преку вратата во тоалетот и се бранеше дека мислел дека е провалник, по што во 2015 беше осуден на долга казна затвор. Во затворот тој двапати неделно ја предводи религиозната група во која според јужноафриканските медиуми има и меѓу најстрашните криминалци од Јужна Африка.
„Оскар е водач на проучувањето на Библијата и помага на тие кои почнуваат со читањето на молитвите. Тој секогаш беше вистинско дете на Господ. Смета дека така може да придонесе нешто и да помогне каде што може“, вели неговиот татко Хенке Писториус.
Писториус прво беше осуден на убиство од небрежност, но Апелациониот суд ја преименува одлуката и ја продолжи неговата казна на 13 години и 5 месеци. 32-годишниот Писториус во затворот во Преторија исто така е одговорен и за зеленчкова градина. Тој ќе може да побара помилување во 2023 година.
Former athlete Oscar Pistorius is trying to offer meaning and hope to fellow prisoners by sharing Christianity. https://t.co/kU52Ugt5eZ
— Sunday Times (@SundayTimesZA) December 28, 2018