Осум годишна суспензија поради позитивен допинг-тест му е изречена на Сун Јанг, олимписки шампион во пливање од Рио де Жанеиро, во дисциплината 200 метри со слободен стил.
Судот за спортска арбитража (ЦАС), во петокот, ја донел оваа пресуда. Ова значи дека Јанг нема да го брани златниот медал на олимписките игри во Токио.
Со оваа пресуда на одреден начин значи и крај на кариерата за Сун Јанг, бидејќи тој оваа година ќе наполни 29 години.
Кинезот е обвинет дека ги искршил шишенцата во кои се наоѓала неговата крв за време на ненајавената допинг-контрола во септември 2018 година, соопшти ЦАС.
Медалите што ги освоил по оваа контрола ретроактивно ќе му бидат одземени. Јанг освои златни медали во трките на 200 и 400 метри со слободен стил минатата година на Светското првенство во Гвангжу.
Јанг може да ја обжали оваа одлука на ЦАС и да побара суспензијата да не започне сѐ ЦАС не се произнесат по неговата жалба.
„Ова не е праведно. Невин сум“, рекол Сун јанг.
Во минатото, во 2014 година, Јанг бил суспендиран три месеци бидејќи бил позитивен на недозволената супстанца триметазидин.