Top Sport

Откажан е тенискиот турнир во Вашингтон, требаше да е прв по паузата

Организаторите на тенискиот турнир од Серија 500 во Вашингтон „Сити опен“ објаснија кои се причините поради неговото одложување. Трабаше да започне на 14 август и да биде првиот турнир по паузата поради пандемијата на коронавирусот.

Откажувањето на овој турнир го доведе во прашање и одржувањето на САД опен кој треба да започне на 31 август.

„По неколку месеци непрестајна работа на нашиот тим, срцето ни се крши што мораме да објавиме дека 52-то издание на `Сити опен` се одлага за летото 2021. На само 23 дена до почетокот на турнирот и понатаму имаме многу проблеми, вклучувајќи ги и проблемите со патувањата. Многу сме разочарани“ се вели меѓудругото во соопштението на организаторите.

Scroll to Top