Првиот мастерс турнир во сезоната Индијан Велс е откажан поради коронавирусот соопштија организаторите.
Турнирот во Калифорнија требаше да започне в четврток, меѓутоа поради ширењето на опасниот вирус тој нема да се одржи.
„Преголем е ризикот по здравјето на населението за да се одржи вака голем турнир. Не во интерес на навивачите, играчите и локалното население турнирто да биде одржан. Сите заедно мораме да се обидеме да ја заштитиме заедницата од коронавирусот“, пишува во писмото на организаторите на турнирот.
Минатата година Индијан Велс го освоија Доминик Тим во машка и Бјанка Андреску во женска конкуренција.
The 2020 BNP Paribas Open will not be held.https://t.co/BVKQmmcbth pic.twitter.com/CHOd0PgJeV
— BNP Paribas Open (@BNPPARIBASOPEN) March 9, 2020