Вуелта, една од најпрестижните трки во светот на велосипедизмот, оваа година нема да се одржи поради коронавирусот. Оваа година требаше да се вози јубилејната 100 Вуелта, меѓутоа златното издание на Трката околу Шпанија е одложено за наредната година.
„Сакавме да го прославиме 100 издание со максимални гаранции за безбедност и со најдобрите светски велосипедисти“, соопштија организатоrите.
Вуелта традиционално се одржува од крајот на август до средината на септември.
За потсетување поради коронавирусот најпознатата трка Тур д’Франс наместо во јули ќе се вози во септември, нејзиниот почеток е закажан за 29 август.
Сепак каква е ситуацијата во Европа со коронавирусот прашање е дали трката воопшто ќе се одржи.