Русија официјално нема да може да настапи на Олимпијадата во Пјеонгчанг следниот месец, но дел од спортистите кои ги исполнуваат условите на ИОЦ и на Светската анти-допинг агенција (ВАДА).
Наместо во државните бои 169-те руски спортисти кои добија „виза“ за Пјеонгчанг ќе носат дресови со кратенка ОАР (Олимписки спортист од Русија), без националните ознаки.
Покрај големиот број на доживотни суспензии на руските зимски спортисти, ИОЦ пред Олимпијадата реши да суспендира и 22 тренери од рускиот тим и 6 медицински лица. Од целата листа од 280 тренери и персонал на руската делегација, 28 добија забрани за пристап.
Исто така, поради суспензиите и забраните, САД ќе има рекорден број на спортисти во Пјеонгчанг, бидејќи дел од нив се таму наместо руските спортисти.