Top Sport

ЕХФ го откри тимот на шампионатот, Готфридсон е МВП (видео)

ЕХФ пред големото финале меѓу Шпанија и Шведска го откри најдобриот тим на шампионатот, во кој има ракометари од шест нации.

Шпанија и Шведска имаат по три места во најдобриот тим, а Швеѓаните го имаат и најдобриот играч на шампионатот, Џим Готфридсон преку гласањето во кое учествуваа нешто помалку од 10 илјади фанови, чии гласови чинеа 40 отсто од конечниот избор, додека 60 отсто беа преку експертите од тимовите кои учествуваа во шампионатот.

Во составот се францускиот голман Винсен Жерар,  Мануел Штрлек (Хрватска), Микел Хансен (Данска), Сандер Сагосен (Норвешка), Јеспер Нилсен (Шведска), Алекс Душебаев (Шпанија), Феран Соле (Шпанија), Јаков Гојун (Хрватска), Џим Готфридсон (Шведска).

Scroll to Top